Скопје 24. мај 2020. / 18:15

Состојба со Ковид-19 во Скопје: Најпогодени Сарај, Гази Баба и Чаир

Состојба со Ковид-19 во Скопје: Најпогодени Сарај, Гази Баба и Чаир

Од 37 новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото деноноќие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.

Како што посочуваат од Министерството за здравство, од 199 активни случаи во Скопје дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.