Скопје 16. септември 2018. / 09:36

Сончево време со умерен северен ветер

Сончево време со умерен северен ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната температура од 23 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе достигне до 6.

Во Скопје исто така ќе биде сончево со умерен северен ветер, со утринска температура до 12, а максимална дневна до 30 степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината.