Скопје 13. февруари 2021. / 22:31

Снегот го отежна пристапот до населбите под Водно

Снегот го отежна пристапот до населбите под Водно

Врнежите од снег кој вечерва се интензивираа во главниот град го отежнаа пристапот до населбите кои се наоѓаат под Водно.

На социјалните мрежи, вечерва се споделуваат фотографии на кои се гледа дека улиците се затрупани од снег, а информациите говорат дека поради снегот сообраќајот на Водњанска е отежнат, посебно сервисните улици кои водат до населбите кои се наоѓаат во тој дел.

Oд општината Центар денес информираа дека подготвени го дочекале снегот, но веројатно таа „подготвеност“ била само за во текот кога интензитетот на врнежи беше помал.

-Со вкупно 7 возила – 2 со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремно ги дочека првите врнежи на снег, стои во соопштението од општината.