Скопје 06. јуни 2018. / 13:41

Скопскиот Аква парк ја почнува летната сеозона во Сабота

Скопскиот Аква парк ја почнува летната сеозона во Сабота

Вип Аква паркот кој работи во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата, шеста сезона, в сабота на 9 јуни.

Од СЦ „Борис Трајковски“ најавуваат дека летната авантура продолжува и оваа година на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот… каде ќе можат да уживаат малите, но и големите. Годинава во Аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и за прв со три бара за пијалоци.

Задолжени за добра забава на отварањето ќе бидат диџеите на Сити Радио Диџеј Дела и Диџеј Боби заедно со Диџеј Ампов.