Скопје 15. May 2019. / 15:41

Скопската зоолошка доби нови животни

Скопската зоолошка доби нови животни

Пристигнаа новите другарчиња во Скопје ЗОО. Зебрите мажјаци се од Чешка и Словенија, нивните имиња се Јанош и Јашари.

Зебрата Јанош има 18 месеци, додека Јашари е помлад и има 9 месеци.

Првите 20 дена ќе бидат во карантин и изолација. Веднаш се приспособија на условите и скопската температура, а веќе ги остварија и првите контакти на доверба со вработените.

Извор: skopjeinfo.mk