Скопје 06. август 2018. / 12:24

Скопје со новиот градоначалник: Во паркот насекаде ѓубре

Скопје со новиот градоначалник: Во паркот насекаде ѓубре

Градскиот парк се дави во смет, а надлежните служби не реагираат, иако токму таму се наоѓа и седиштето на Град Скопје. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од ужасната состојба во која се наоѓа Градскиот парк.

Паркот е полн со смет, а настрадаа и водените површини кои веќе подолго време се преполни со шишиња, кеси и разни отпадоци.

Додека градскиот татко Петре Шилегов се занимава со дневно политички настани, за состојбата со градската чистота имаме молк од општината.

Граѓаните реагираат за ваквата состојба и прашуваат дали Скопје има градоначалник.