Со регистрирани 140 случаи на новозаболени со корна вирусотг, Скопје го достигна својот негатовен рекорд од почетокот на епидемијата.
Со оваа бројка од последното деноноќие, вкупниот број заболени во главниот град се искачи на 2.137, а активни се 1.425 случаи.
Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 306, потоа следуваат Аеродром со 119 активни случаи, Гази Баба и Центар со по 114 случаи, Бутел со 106 случаи, Карпош со 100 случаи и Сарај со 95 случаи.
Активни случаи има и во Кисела Вода 71, Ѓорче Петров 57, Студеничани 62, Шуто Оризари 46, Арачиново 33, Илинден 28, Петровец 12, Сопиште 11, Чучер Сандево 7, Зелениково 1, двајца се странци, а едно лице е нераспределено.