Скопје 11. ноември 2018. / 17:30

„Скопје на точак“: 1.700 велосипедисти возеа низ градот

„Скопје на точак“: 1.700 велосипедисти возеа низ градот

Над 1.700 луѓе излегоа со своите велосипеди во склоп на караванот „Скопје на точак“. Истиот е под покровителство на Град Скопје и е организиран од страна на Сојуз на спортови на Скопје.

Неделата се покажа како совршен ден за овој настан. Целата атмосфера беше исполнета со позитивна енергија, велат организаторите.

Велосипедистите ја пренесоа пораката дека заштита на животната средина поттекнува од сите кои живеат во градот. Исто како во минатото, кога во Скопје секој втор граѓанин имал велосипед, така и сега учесниците покажаа дека со ова превозно средство може да се оди на работа, на школо, на факултет, дома и други места.

Организаторите, Сојуз на спортови на Скопје, се надеваат дека настаните од ваков тип ќе се надградуваат константно и дека сѐ поголем број на луѓе ќе користат велосипеди.