Главниот град на Хрватска, Загреб, денес е најзагадениот град во регионот, и се наоѓа на десеттото место во светот на списокот на швајцарската страница IQAir.
Индексот на квалитет на воздухот во хрватскиот град е 153.
Второто место во регионот, и 15-то во светот, е главниот град на Северна Македонија, Скопје со индекс за квалитет на воздухот од 139.
Белград е на 71-то место на оваа листа, Приштина на 80-то, а Сараево на 92-то место.
Швајцарскиот IQAir има повеќе од 10.000 мерни станици ширум светот и прикажува мапи за квалитетот на воздухот ширум светот.