Скопје 27. јануари 2019. / 22:01

Скопје и вечерва во топ 10 најзагадени градови во светот

Скопје и вечерва во топ 10 најзагадени градови во светот

Состојбата со загаденоста на воздухот во државава по кусотрајнот прочистување во неделата вечерта и натаму е кастастрофална.

Нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди и до осум пати над максималната дозволена граница, а Скопје и вечерва е меѓу десетте градови во светот според загаденоста.

Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички од 390 микрограми на метар кубен.

Кај Ректорат мерната станица покажува 358 микрограм на метар кубен, таа во Карпош 263.

Загаденоста на воздухот е иста и во внатрешноста на државата, имено во Струмица загаденоста изнесува 390 микрограм на метар кубен, во Гостивар 291, додека во Куманово 242.

Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на 9 место во светот според загаденоста.