Скопје 07. октомври 2018. / 22:07

Скопјани се жалат на непријатен мирис од хемикалии во воздухот вечерва

Скопјани се жалат на непријатен мирис од хемикалии во воздухот вечерва

Граѓаните од населбата Пролет близу Железничката станица во Скопје се жалат дека вечерва осетиле мирис на пестициди кои им предизвикувал иритација на очите. Тие велат дека мирисот е неподнослив и навлагал во нивните домови.

Локалното население се жали дека се обиделе случајот да го пријават во инспекциските служби, но не успеале, бидејќи никој не одговарал на телефонските повици.