Скопје 18. јуни 2020. / 21:18

Скопјани фрлиле столица во канализација

Скопјани фрлиле столица во канализација

Столови, шут и други предмети биле извадени од канализацијата на улицата „Скупи“, крак 22 откако по пријава на граѓаните за запушување вчера интервенирале екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“

Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализациската линија. Беа извадени столови, шут и други предмети – потенцираат од претпријатието.

Оттаму апелираат и повкуваат на граѓанска одговорност и потсетуваат дека канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и/или шут.

Ги повикуваме граѓаните да не го употребуваат канализацискиот систем како контејнер. Во секоја општина редовно има повици и телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават и да им се отстрани кабастиот отпад или шутот, бесплатно, или да го однесат во контејнерите што се наменети за тоа. Бидете одговорни за себе и за другите – потенцираат од „Водовод и канализација.