Скопје 28. јуни 2018. / 11:13

Скопјани бесни: Се урива терасата на ,,Бастион” (ФОТО)

Скопјани бесни: Се урива терасата на ,,Бастион” (ФОТО)

Вработените од улица го гледаат уривањето на кафе бар ,,Бастион” кој се наоѓа на булевар  Ленинова (Аминта трети).

Градежната механизација на општина Центар работи на отстранување на бетонската платформа.

Вчера беше поканет градоначалникот на општина Центар, Саша Богановиќ да дојде на утринска чајанка со сопствениците и медиумите, но тој не се појави.

 

На местото присутни се неколку полицајци.

Општината вчера соопшти дека справувањето со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и возила на целата територија на општината.

Од општината велат дека по бројните жалби на жителите на општина Центар и по донесувањето на решенијата, на засегнатите страни им бил оставен простор од повеќе од шест месеци самите да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти.

Бидејќи не го сториле тоа, Општината пристапила кон административно извршување на донесените управни акти.

Фото: A1on