Во Кривичниот Суд денес се одржуваат судските рочишта за случаите „Титаник 3“ во кој обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури, за уништување на изборен материјал. Во сличајот „Насилство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиевски, пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова, како и уште девет лица.
Во случајот „Титаник 3“ СЈО најавува докази дека Адеми и Гури, извршиле криминален чин со што ја фалсификувале вољата на гласачите во Општина Чаир. Во Случајот „Насилство во Центар“ претходните рочишта завршија со пресуди за четвртообвинетиот Томислав Лазаров кој ја призна вината, како и за петтообвинетиот Јордан Ристевски, кои добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев ќе има посебно рочиште.
Обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ се товарат за насилие во просториите на Општина Центар, кое настана при протестите организирани во Јуни 2013 година.