Скопје 16. јули 2018. / 15:58

Шилегов удри по зеленилото, пресечени дрвја во Аеродром

Шилегов удри по зеленилото, пресечени дрвја во Аеродром

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ветуваше зеленило, а прави пустелија. По сечење на дрвата во повеќе скопски општини, на ред дојде и Аеродром.

Денес, во недела, и тоа среде лето, се сечеа дрвата на улицата „Коста Новаковиќ“ која се спојува со „Трета Македонска бригада“ кај маркет Тинекс.

Жителите, оправдано револтирани, негодуваа на наквите постапки.