Скопје 25. август 2020. / 13:39

Шилегов: Прскањето со инсектициди ако е зачестено може да го загрози здравјето на граѓаните

Шилегов: Прскањето со инсектициди ако е зачестено може да го загрози здравјето на граѓаните

Невообичаените врнежи во август придонесоа за поголема влажност на воздухoт, а со тоа се создадоа и идеални услови за комарците, поради што во Скопје е забележана наезда последните денови, смета Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје.

Видовте дека денеска повторно врне, затоа моравме за утре да го одложиме запрашувањето. Станува збор за запрашување на над 10.000 хектари за авионско запрашување и 54 гнезда-жаришта на комарци каде што треба да се прска авионски, рече Шилегов.

Тој рече дека по консултациите со Институт за јавно здравје било заклучено дека честото запрашување против комарци е штетно по здравјето на луѓето.

Препораките се дека прскањето со инсектициди ако е зачестено може да го загрози и здравјето на граѓаните. Затоа одбравме да има пауза од 10 дена, а последното прскање беше на 15 август, наведе Шилегов.