Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска истакна дека градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена.
Тој објасни дека станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и затоа таму ќе има посебен сообраќаен режим.
-Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот, изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.