Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин членот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. Со него најмногу се зборуваше за локалните политики на територија на Град Скопје, но и за актуелната политичка ситуација во државата.
Гостинот Нелоски кажа дека Шилегов многу работи ветил во изборната кампања, но голем дел од нив не ги исполнил.
Тој вели дека Шилегов во програмата ветил дека зелени кровови ќе се постават на приватни згради, на секоја институција, а и средните училишта ќе добијат зелен покрив. И ова не го исполни Шилегов.
– За жал, како и за многу други работи и за оваа работа Шилегов излажа. Гледаме само едно минорно работење за поставување колку да се каже на такви зелени покриви во обидот да се покаже нешто против загадувањето и борба за „зелено Скопје“, вели Нелоски.
Иако Шилегов најави во програмата, сепак не се најде Скопје на листата за зелена престолнина.
– Град Скопје и СДСМ најавија во 2017 година дека Скопје ќе биде победник за зелена престолнина во 2021 години. Пред неколку дена Шилегов кажа дека не успеале да победат, ниту пак да влезат во финалето, додаде Нелоски за Радио Лидер.