Во утринскиот подкаст „Утро со Златев“ на Радио Лидер, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, зборуваше за плановите во последните четири години кои власта ги предлага на хартија, но не ги реализира.
Муцунски вели дека Македонија во последните четири години од владеењето на СДСМ и ДУИ, е држава со апстрактни планови кои звучат добро на хартија, но не се реализираат.
-За почеток околу Европските интеграции, плановите „План 369“, „план 18“, „план 21“, „Европа ќе ја донесеме дома“.. Четири ипол години оваа влада ја носи Европа дома. Исто така, автобускиот превоз. Градоначанлникот Шилегов кој наследил план за брз автобуски превоз при доаѓањето на неговиот мандат, во последните 6 месеци од неговиот мандат му текнува дека треба да се задолжи цела држава, за на Скопје да му се обезбеди брз автобуски превоз. Зошто на крајот на мандатот му текнува дека треба да се обезбеди брз автобуски превоз, зошто во првата година од својот мандат со буџетот на Град Скопје не направил нешто за подобрување на инфраструктурата, за подобрување на животната средина, и на јавнот автобуски превоз, вели тој.
Тој се согласува дека Скопје треба да има брз автобуски превоз, но за сето тоа е и наменет буџетот на Град Скопје.
-Градоначалникот Шиелгов во моментот на доаѓањето на власт во 2017 тата година пред себе имал таков план за таков превоз поставен од претходниот градоначалник, но сепак не го реализирал, рече Муцунски.