Скопје 25. август 2020. / 15:42

Шилегов: Донесов одлука за тоа новата концертната сала да биде кај сегашните оранжерии на паркови и зеленила

Шилегов: Донесов одлука за тоа новата концертната сала да биде кај сегашните оранжерии на паркови и зеленила

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната трибина на која се разговараше за иднината на Универзалната сала во Скопје, го изнесе својот став за идејно решение.

Шилегов ги истакна дилемите околу Универзална, а исто така потенцираше и дека за него најдобро е реставрација на постоечкиот објект, а истовремено и изграба на нов.

Донесов одлука за тоа новата концертната сала да биде кај сегашните оранжерии на паркови и зеленила. Овој простор дозволува изградба на симбол за градот, а ќе се реши и проблемот со летна сцена – изјави Шилегов.

Шилегов потоа додаде и дека е најважно веднаш да се започне со реставрација на Универзална.

Сепак, тој истакна дека идејата за оваа локација на влезот од градскиот парк е негова,односно дека тоа не значи дека токму овде ќе се гради тој објект.