Скопје 12. март 2020. / 15:47

Се укинуваат линиите до Средно Водно, нема да работи и жичарницата

Се укинуваат линиите до Средно Водно, нема да работи и жичарницата

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека од утре нема да сообраќаат трите автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а со работа ќе прекине и жичарницата.

Одлуката ќе важи во наредниот период, односно до идните одлуки согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, информира ЈСП Скопје.