Се сечат елки стари 50 години во централното градско подрачје. Станува збор за дрва кои го красеа просторот пред Универзалната сала.
Дали причината за нивното сечење се најавите од градските власти поврзани со Универзалната сала, а кои предизвикаа бројни реакции во јавноста.
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ за Фактор.мк вели дека оваа операција е организирана од Град Скопје, а оттаму, пак, нема одговор од одговорните за односи со јавност.