Скопје 06. мај 2020. / 12:41

СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува да почне со работа

СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува да почне со работа

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ соопшти дека во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на Ковид-19, почнал со подготовка на содржините во комплексот.

Се преземаат, како што се посочува, сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар.

Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот, секојдневно ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро, стои во соопштението.