Скопје 21. септември 2020. / 09:59

Санкционирани 346 возачи во Скопје

Санкционирани 346 возачи во Скопје

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 346 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола на 17 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, за нерегистрирани возила 24. Санкционирани се 28 мотоциклисти, а одземени се три мотори, изречени се 54 мерки за непрописно паркирани возила, а 29 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 48 санкции за неносење заштитна маска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.