Рокот истече бетонските столбови стојат. Сопственикот на објектот пред Трговскиот центар Мавровка не си го сруши сам во законски предвидениот рок од 8 дена. Обврската за рушење сега преминува во рацете на Oпштина Чаир. Оттаму информираа дека веќе ја започнале постапката за избор на фирма која ќе треба да го урне.
Сепак дивоградбата ќе остане пред “Мавровка” уште најмалку еден месец, толку пто најверојатно ќе и треба време на Oпштината да излезе на терен со механизација и да ја срамни со земја.
Уште едно прашање остана неодговорено: Кој инвеститор се дрзна незаконски да гради пред Мавровка ? Минатата недела Општина Чаир преку весници ја почна потрагата по “непознатото лице” иако пред трговскиот центар се гради уште од почетокот на јули.
Кој градел бара и полицијата, но засега без резултат . За утврдување кривична одговорност скопското обвинителство отвори предистрага против непознат сторител. Во координација со МВР се прибираат докази за да се утврди идентитетот на инвеститорот.