Скопје 06. октомври 2020. / 08:15

Ресторанот Национал и зградата на ССМ денеска без вода

Ресторанот Национал и зградата на ССМ денеска без вода

Корисниците од ресторанот Национал и зградата на ССМ во Општина Центар денеска  од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 милиметри на улицата „Филип Втори Македонски“ пред ресторанот Национал.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не завршат со интервенцијата.