Скопје 04. април 2018. / 15:11

Редовно плаќаат сметки од ЕВН, а два дена немаат струја

Редовно плаќаат сметки од ЕВН, а два дена немаат струја

Рутински како да се работи за известување за временска прогноза,  ЕВН ја известуваат јавноста дека повторно во неколку општини ќе нема струја .Таму каде што ќе нема струја семејства и компании трпат штета, никој не ги прашува, а никој не им ни надоместува за штетата.

ЕВН е приватна фирма која овие зафати ги прави за свој личен профит а на штета на компаниите и граѓаните, и не е ниту нормално ниту законски сите да трпат штети заради потреби на нивниот профит но, ЕВН е и богата компанија која секогаш може да најде аргументи политичари или медиуми да се однесуваат согласно нивните профитни потреби. А сите ние тоа да го плаќаме. Прашајте какви се правилата во вакви ситуации во Австрија, и се ќе биде појасно.

Од „ЕВН Македонија” АД е добиено известување дека, заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 04.04.2018 (среда), без електрична енергија ќе останат корисниците на следните адреси.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот корисниците на дел од ул. Антон Димитров, во Општина К.Вода,

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот корисниците од ул. Благоја Гојан бро 16, 18 и 20, исто така во Општина К.Вода.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од ул. Алекса Демниевски под улица 27 како и околните под улици, во Општина Ѓ.Петров.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот корисниците од ул. Аминта Трети од броевите 68-80, Општина Центар.