Скопје 20. септември 2018. / 21:01

Расфрлан отров за кучиња низ населба Аеродром, едно дете дошло во контакт со отровот

Расфрлан отров за кучиња низ населба Аеродром, едно дете дошло во контакт со отровот

На социјалните мрежи попладнево се шири информација дека дете денеска се затруло во Аеродром откако дошло во контакт со отров кој бил оставен за кучиња.

Иако нема подетални информации за неговата состојба, многу родители од главниот град се вознемирени и коментираат дека отров за кучиња и мачки скитници имаат забележено на повеќе места во Скопје.

Од Универзитетската клиника за детски болести информираа дека денеска немале таков случај, а портпаролката на министерството за здравство не одговори на ваквото прашање.