Три куршума се испукани во насока на возило за кое се сомнева дека било управувано од две лица кои се бараат со потерница. Од МВР велат дека осомничените со нивното возило се упатени кон полицајците кои пак чувствувајќи се загрозени пукале кон осомничените.
Но, жителите на Арачиново, велат дека припадници на единицата Алфи се симнале од возилото и без предупредување пукале кон возилото на осомничените. Револтирани поради пукањето во населено место, жителите на Арачиново го блокираа главниот пат. Тие бараат од МВР да го објаснат наведениот случај и апелираат вакво нешто да се повтори во иднина.
“Оденаш излегоа, ниту кажаа кој се, што се, над моето возило, потоа семејство легна на земја и извикаа „Не убија!“. Не знаев кој се тие, дали се полицајци или нешто друго, одеднаш испукаа, ништо не зборуваа, дирекно пукаа во возилото и јас избегав нагоре бидејќи бев со семејството и друго не видов ништо, тоа е се.“