Скопје 25. јули 2019. / 15:58

Пронајден саркофаг од вториот век при реконструкција на „Партизанска“

Пронајден саркофаг од вториот век при реконструкција на „Партизанска“

Музејот на Град Скопје потврди дека фотографираниот артефакт кој го објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук, пронајден додека се врши реконструкција на булеварот „Партизански одреди“, е саркофаг од 2 век од нашата ера.

Станува збор за камен саркофаг и три елементи на надгробен Олтар кои потекнуваат од римски период, соопштуваат од Музеј на Град Скопје.

Масивниот артефакт е пронајден во скопската населба Карпош 4, во близина на слаткарницата „Палма“, вчера при реконструкција на улица, а Шилегов на Фејсбук објави дека е извлечен од под скопскиот тротоар.