Скопје 19. октомври 2019. / 11:20

Проблемите со собирањето и транспортот на комуналниот отпад ќе се пријавуваат на повеќе телефонски броеви

Проблемите со собирањето и транспортот на комуналниот отпад ќе се пријавуваат на повеќе телефонски броеви

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ги известува граѓаните дека сите проблеми и поплаки поврзани со активностите на нивните екипи на терен, собирањето и транспортот на комуналниот отпад, собирањето на кабастиот отпад и расчистувањето на дивите депонии, отсега ќе може да се пријатат на телефонски броеви, одделно по секоја општина.

Оттаму додаваат дека дежурниот телефон на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, 3216 644, исто така останува во функција, од понеделник до сабота, во терминот од 08 до 20 часот.

1. Општина Ѓорче Петров 075/302-273

2. Општина Карпош 078/421-954

3. Општина Центар 070/609-001

4. Општина Аеродром 076/261-383

5. Општина Гази Баба 072/320-970

6. Општина Шуто Оризари 075/381-194

7. Општина Кисела Вода 070/233-740

8. Општина Бутел 076/261-446

9. Општина Чаир 076/474-369

10. Проблеми поврзани со собирање кабаст отпад и расчистување диви депонии – 072/272819