Скопје 29. јули 2020. / 13:08

Признание: Скопска „Идадија“ на картата на најстарите активни ресторани во светот

Признание: Скопска „Идадија“ на картата на најстарите активни ресторани во светот

Скопскиот ресторан „Идадија“ во Дебар Маало доби високо светско признание. На сајтот „NetCredit“ „Идадија“ е прогласен за најстар активен ресторан во Македонија, а за негов почеток на функционирање е одредена 1928 година.

Сајтот направи карта или атлас со информации за најстарите активни ресторани во скоро сите земји во светот, што им ги препорачува на љубителите на историјата, патувањата и вкусната храна.

Некои од рестораните презентирани на светската карта се стари со векови, постари дури и од државите во кои се наоѓаат.

Па така, на пример, најстариот ресторан „„St. Peter Stifts Kulinarium“ во Салцбург, Австрија, датира од 803 година и е единствен кој може да се пофали дека во него ги служеле генејалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, како и холивудскиот актер и режисер Клинт Иствуд.