Скопје 09. март 2021. / 15:24

Претставите во МНТ ќе почнуваат од 19 часот, поради воведување на полициски час

Претставите во МНТ ќе почнуваат од 19 часот, поради воведување на полициски час

Репертоарот на МНТ се поместува за еден час, согласно одлуката на Владата донесена денеска ( 9 март 2021 година) , за воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, во следниве 12 дена на територија на цела држава, започнувајќи од среда 10 март.

Од МНТ информираат дека изведбите на претставите „Кец на десетка“, на 10 март, „Последната лента на Крап“, на 11 март и „Влези не се соблакај“ на 18 март , ќе започнат во 19 часот.