Скопје 24. јануари 2021. / 20:57

Преполовен бројот на активни ковид-случаи во Скопје

Преполовен бројот на активни ковид-случаи во Скопје

Бројот на активни случаи во земјава после долг период се симна под 10 илјади.

Според податоците на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.654, бројката на оздравени пациенти е 78.154, на починати е 2.785, а бројот на активни случаи изнесува 9.715.

Позитивна вест има и за главниот град. Скопје во најлошиот дел од пандемијата броеше постојано над 10.000 активни случаи. пациенти, а сега нивниот број е практично преполовен.

Во моментов во Скопје има 5.461 активни случаи, со што, и покрај намалувањето, метрополата останува буквално „најзаразен“ корона град.