Скопје 16. септември 2020. / 09:01

Прекин на водоснабдувањето во делови на Бутел и на Сарај

Прекин на водоснабдувањето во делови на Бутел и на Сарај

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на затворач (шибер) од ф-100 мм, на улицата Благоја Паревиќ бр. 50 во населбата Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Благоја Паревиќ и улицата Никола Малешевски од 9 часот до завршување (општина Бутел).

Поради чистење и дезинфекција на резервоарот „Матка“, во периодот од 9 до 13 часот ќе има прекин на водоснабдувањето во населените места Горна и Долна Матка (општина Сарај).