Скопје 04. март 2021. / 10:39

Прекин на водоснабдувањето спроти ТЦ „Лептокарија“

Прекин на водоснабдувањето спроти ТЦ „Лептокарија“

Корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди”, односно зградите спроти ТЦ „Лептокарија”, денеска ќе имаат прекин на водоснабдувањето.

-Поради најавениот дефект на шибер ф-300 мм на „Лондонска”/„Партизански одреди”, поради технички причини освен корисниците на дел од „Лондонска”, со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците на дел од бул.„Партизански одреди” (зградите спроти Лептокарија), информираат од ЈП Водовод и канализација.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:40 часот до завршување со активностите.