Скопје повторно на врвот по број на заразени во едно деноноќие. Во текот на изминатото деноноќие во главниот град се регистрирани 55 новозаразени од корона ворирус со што вкупната бројка на заразени се искачи на 2.588, од кои активни се 1.734 пациенти.
Министерството за здравство информира дека во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во болницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).
• Чаир – 402
• Аеродром – 136
• Бутел – 138
• Гази Баба – 150
• Центар – 131
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 80
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 49
• Илинден – 31
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4