Скопје 29. јануари 2021. / 08:45

Повеќе населби денеска без вода

Повеќе населби денеска без вода

Поради дефект на приклучна цевка на ул. 9/бб во Батинци, од 9 часот жителите на таа улица ќе немаат вода. Истовремено, село Радишани, поради дефект на трансформаторот во кругот на пумпната станица и Кучевишка Бара немаат вода од 8 часот.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација”, прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.