Скопје 09. октомври 2019. / 11:18

Повеќе делови од Скопје ќе бидат без струја

Повеќе делови од Скопје ќе бидат без струја

Од „ЕВН Македонија“ информира дека за ден 09.10.2019 година (четврток) се планирани технички зафати во електро-системот и без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Во периодите:

од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. Виетнамска. (Општина Шуто Оризари);

од 09:00 до 14:00 часот корисниците од Ганчо Хаџипанзов, Караорман и Димитар Пандилов. (Општина Центар);

од 09:00 до 14:00 часот корисниците од с. Љубин и фирмите Даути Комерц, Ука Комерц и Кланица Вилан. (Општина Сарај);

од 08:30 до 15:00 часот корисниците од броевите над 150 на ул. Јајце, објектите на Бул. Цветан Димов помеѓу хотел Алба и маркетот Кипер, ул. Сараевска, и околните објекти на крстосницата од улицита Јајце и Бул. Цветан Димов. (Општина Гази Баба);

од 20:30 до 15:30 часот корисниците од дел од ул. Јадранска од бр. 2 до бр. 34 и дел од ул. Борис Сарафов од бр. 51 до бр. 72. (Општина Ѓорче Петров);

од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 8 Март бр. 20 и ул. Орце Николов бр. 98. (Општина Центар);

од 12:00 до 13:30 часот корисниците од Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 96 и бр. 98 и околните објекти и ул. Прашка броевит 11, 13, 44, 40 и 34 и околните објекти. (Општина Карпош).