Скопје 23. август 2018. / 18:23

Потона брод со мигранти кај Тунис, петмина загинати

Потона брод со мигранти кај Тунис, петмина загинати

Од морето се извлечени пет тела на мигранти чиј брод потона додека се обидувале да го поминат Средоземното Море за да стигнат на италијанскиот остров Лампедуза, соопшти крајбрежната стража на Тунис.

Екипи на крајбрежната стража сè уште трагаат по петмина Тунижани за кои семејствата рекле дека биле на бродот кој неделава отпловил од јужната крајбрежна заедница Зарзис. Трговци со луѓе сè повеќе го користат Тунис како почетна точка за мигрантите што сакаат да дојдат во Европа поради што крајбрежната стража со помош на вооружени сили ги заостри контролите.

Многу мигранти бегаат од Тунис поради невработеност и инфлација, кои настанаа по уривањето на режимот на автократот Зин ел-Абедин Бен Али во 2011 година.

Најмалку 80 мигранти загинаа кога брод потона во близина на Тунис во јуни оваа година.