Влезот за деца до три години според дневниот ред треба да остане бесплатен.
Точка на дневен ред на денешната седница на Град Скопје е поскапувањето на билетот во скопскиот ЗОО-парк од 50 на 80 денари.
Влезот за деца до три години според дневниот ред треба да остане бесплатен. Доколку биде усвоена како одлука на Град Скопје, тогаш новите цени за Зоолошката градина треба да стапат во сила на почетокот на јуни.
Поскапувањето се должи поради зголемените трошоци со проширувањето на содржините и новите животни. Летоска дополнително ќе се доплаќа влезот во паркот на диносауруси, кој ќе чини 50 денари, и во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни и посетителите таму ќе треба да платат плус 20 денари.