Скопје

Посебен сообраќаен режим поради санација на железнички премин

Посебен сообраќаен режим поради санација на железнички премин

Во периодот од 9 до 14 часот на територија на Општина Илинден од страна на Македонски Железници АД Скопје ќе се изврши санација на премин преку железничка пруга.

Санацијата ќе се изврши на железничкиот премин во н.м.Илинден (место викано Плац).

За време на санацијата на железничкиот премин сообраќајот ќе се одвива со посебен режим обележан со сообраќајна сигнализација.

Информацијата за пренасочување на сообраќајот за автобусите на ЈСП Скопје ќе биде објавена и на официјалната страна на ЈСП Скопје.