Скопје 21. јули 2020. / 09:36

Поради уличен дефект дел од корисниците во Ѓорче Петров ќе останат без вода

Поради уличен дефект дел од корисниците во Ѓорче Петров ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради уличен дефект од Ф-100 мм на ул. Разловечко Востание бр.26 во населба Карпош 4, во периодот од 09.00 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул.Разловечко Востание.

Исто така без вода ќе останат и дел од корисниците од улиците Желево и Столе Стојчев (општина Ѓорче Петров).