Скопје 27. февруари 2020. / 15:19

Од силниот ветар паднале најмалку 72 дрвја

Од силниот ветар паднале најмалку 72 дрвја

Во Скопје се сумираат штетите од силниот ветер што го зафати гардот изминатата вечер. Во текот на ноќта, како и денеска беше интервенирано на поголем број локации.

Од Град Скопје информираа дека до 12 часот до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ биле пристигнати 72 пријави за паднати дрвја. Екипите од секторот „Дрвореди“ од претпријатието досега интервенираа на 42 локации во сите општини во Скопје, а активностите ќе продолжат до целосното расчистување на теренот.

Големото невреме предизвика поголемо оштетување и на конструкцијата на покривот на СУГС „Марија Кири-Склодовска“, каде што денес не се одржува настава и екипи на ЈП „Улици и патишта“ и Противпожарната бригада работат на расчистување на теренот. Оштетување е предизвикано и на објектот на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.