Советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, реагира на поставувањето на метална конструкција за лифт пред еден од влезовите на ГТЦ.
Како што истакнува Попова, градоначланикот на Скопје Петре Шилегов, наместо да спроведе реконструкција и обнова на ГТЦ, со ваквите проекти си експериментира и го нагрдува истиот тој ГТЦ
Оваа грдосија зад мене, за жал е новото „ремек дело“ на Шилегов за Скопјани.
Ова куп железо зад мене е директно нарушување на архитектурата на Градскиот Трговски Центар.
И архитектите, и уметниците, но и самите Скопјани се сложуваат дека оваа градба на Шилегов го нарушува ликот на Градскиот Трговски Центар.
Значи имаме еден Петре Шилегов кој во опозиција го гушка ГТЦ, и друг Петре Шилегов кој кога е власт со куп железо го нагрдува истиот Градски Трговски Центар.
Наместо целосна реконструкција, Шилегов си експериментира со Градскиот Трговски Центар.
ГТЦ за Шилегов е добар САМО за неговите бизнис интереси.
Ќе потсетам, со овој куп железо, на една осмина од трговскиот, на кровот направи зелено катче кое прокисна, но не заборави да изгради ресторан кој по реакцијата на јавноста никогаш не се доврши.
Ова не е архитектура ТУКУ талибански карактер на Петре Шилегов, чија неиживеаност скапо ги чини Скопјани.
Од друга страна во исто време кога се нагрдува ГТЦ, за време на полициски час среде центарот на Скопје се вадеа канделабри, и тоа во ек на корона пандемија од страна на целосно незаштитени работници – порача Попова.
Таа побара итно да се запре градбата на оваа градбата и да се донесе план за спас на Градскиот Трговски Центар од, како што вели, фикс идеите и неиживеаноста на Петре Шилегов.
Откако почна поставувањето на металната конструкција, со осуда за таквите активности се огласија и архитектите и граѓанските здруженија.