Црвениот крст на Град Скопје од денеска почна со дистрибуција на дезинфекциски средства и заштитни маски и ракавици за немоќните лица над 60 години.
Информираат дека и од други градови каде Црвениот крст работи директно со немоќните и повозрасни лица започната е дистрибусија на хуманитарните пакети. Целта им е да се помогне на најранливите категории граѓани, односно лицата во трето доба кои се високо ризична категорија на граѓани.
-Со оваа активност ќе бидат опфатени повеќе од 2000 лица на територија на Град Скопје и други градови согласно приоритетите на листа на Црвениот крст, соопшти Црвениот крст.
Во пакетите има гел за дезинфекција, средство за дезинфекција на домот, антибактериски влажни марамчиња и заштитни маски и ракавици. Пакетите се од донација на Државната Лотарија од 700 илјади денари.