Скопје 20. декември 2020. / 19:21

Половина Скопје без струја поради дефект на трафостаница

Половина Скопје без струја поради дефект на трафостаница

Во Карпош и Ѓорче Петров од пред половина час нема електрична енергија.

Од ЕВН објаснуваат дека станува збор за голем дефект на 110-киловатна трафостаница Запад, од која се напојуваат скопските населби Кондово, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе и Карпош.

Нивни екипи работат на дефектот, а во меѓувреме, корисниците вечерва ќе добијат струја од друга напојна точка.