Скопје 17. мај 2018. / 17:22

Поликлиниката „Јане Сандански“ и околината утре без вода

Поликлиниката „Јане Сандански“ и околината утре без вода

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Коста Новаковиќ“ бр. 7 и 9 и поликлиниката „Јане Сандански“.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради поправка на водоводна мрежа на улицата „Коста Новаковиќ“ со крстосницата со улицата „Методија Шаторов-Шарло“.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на поправката.