Скопје

Полициска акција против дивите трки на мотоциклисти во Скопје

Полициска акција против дивите трки на мотоциклисти во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа биле преземени посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на мотоциклисти.

Од страна на полицијата привремно биле задржани пет мотоцикли поради постоење сомнение дека во нив се вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи. Против нивните сопственици, како што соопшти МВР, ќе бидат преземени мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај и Закон за возила.

Покрај ова, полицијата презела вкупно 27 мерки за сторени сообраќајни прекршоци по разни основи.