Скопје 27. август 2020. / 11:20

Подигнати 167 непрописно паркирани возила од јавните површини изминатата недела

Подигнати 167 непрописно паркирани возила од јавните површини изминатата недела

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 146 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што е наведено во соопштението од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 361 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се наведува во соопштението од Град Скопје.